Жена од Прилеп пријавила во полиција дека била измамена за околу 700.000 денари од лице со кое комуницирала преку социјални мрежи.
Според пријавата, комуникацијата започнала во февруари годинава, кога лицето побарало финансиска помош, тврдејќи дека парите му се потребни за лекување на неговото болно дете. Верувајќи во приказната, жената во неколку наврати му уплатила вкупно околу 700.000 денари.
Подоцна сфатила дека станува збор за измама и случајот го пријавила во ОВР Прилеп.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

























