-На 18.04.2026 во ОВР Прилеп е пријавено дека во нива на место викано „Горно Садово“, прилепско, се пронајдени гранати. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнал експлозивните направи, при што е констатирано дека се работи за две стари артилериски гранати со калибар 155 мм и 122 мм и две запалки 122 мм кои потекнуваат од Првата светска војна, информираат од МВР.
























