Успешен старт за прилепчани – Триумф во првото коло на одбојкарската ветеранска лига

Денеска започна новата, трета по ред, сезона за одбојкари – ветерани. Првиот турнир се одржа во Гевгелија, а истоимениот тим беше домаќин.

Покрај нив, оваа година има уште шест тимови и тоа: Борец Велес, Тетово, Шкендија, Скопје, Струмица како и екипата на 11 Октомври од Прилеп.

Токму домаќинот Гевгелија играше против прилепчани и во цврста, убава игра победата ја однесе 11 Октомври од Прилеп со 2:1 во сетови.

Со тоа прилепчани ја продолжија традицијата на успешен старт, со надеж дека оваа година, како и првата, е достижен final four турнирот.

Екипата на 11 Октомври на денешниот натправар ја претставуваа : Жарко Илиески, Теодор Ангелески, Димитар Стрезоски, Мартин Наумоски, Илија Милошевски, Александар Савиноски, Орде Цветаноски, Гоце Бурнески, Мики Крстев и Атанас Николоски.

Наредниот турнир ќе се одржи на 26.4.2026 во Тетово, а нашиот тим ќе игра против тимот на Струмица.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.