Објавен огласот: Аплицирајте за 5.000 евра од државата за отварање на сопствен бизнис доколку сте невработени

Агенцијата за вработување ги објави јавните повици од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2023 година. Една од најпривлечните за невработените во изминатите години се покажа мерката Самовработување со грант, преку која има можност да се добие неповратна помош за свој бизнис.

Како што е наведено во огласот, мерката опфаќа: oбука за „Претприемништво и развивање на бизнис вештини“, ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите и грант во износ од 307.500 денари по корисник.

Право на аплицирање имаат: невработени млади лица до 29 години, невработени лица со попреченост, невработени лица – мажи до 60 години и жени до 58 години, жени-жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство, невработени лица кои сакаат да го формализираат својот бизнис-мажи до 60 години и жени до 58 години, невработени лица Роми – мажи до 60 години и жени до 58 години, невработени лица поради корона вирус-мажи до 60 години и жени до 58 години и невработени лица повратници (повратниците од странство припадници од Ромската заедница и други лица во ризик од социјално и економско исклучување кои влегуваат во потенцијални повратници во иднина во општините Шуто Оризари, Штип и Прилеп)

Аплицирањето е до 19 мај, а заинтересираните треба да се обратат во Центарот за вработување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.