Млади кои студираат осигурување вклучени во програма за практиканти во СН Осигурителен Брокер АД Битола

– Програмата за практиканти им дава можност на студентите да се запознаат со она што им претстои во кариерата во областа на осигурувањето.

Како општественo одговорна компанија, СН Осигурителен Брокер АД Битола овозможува програма за практиканти преку која настојува да го поддржи потенцијалот на младите, нивната креативност и амбицијата за напредување.
Програмата за практиканти им дава можност на студентите да се запознаат со она што им претстои во кариерата во областа на осигурувањето која ја избрале запишувајќи се на Факултетот за туризам и угостителство.

Истата се реализира како дел од соработката на СН Осигурителен Брокер АД Битола со факултетите од Универзитетот „Свети Климент Охридски – Битола“.

„Преку практично запознавањето со сите сегменти на нашето работење, на студентите од соодветните струки им овозможуваме практикантска работа која има големо значење за нивното професионално надоградување. СН Осигурителен Брокер и во иднина ќе ја продолжи таквата пракса со тенденција на зајакнување на капацититете на младиот стручен кадар и тоа создавање на поголеми можности за вработување во секторот на осигурувањето.“-велат од СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Јован Ристевски и Јована Стојановска, студенти на „Факултетот за туризам и угостителство“ – Охрид, на отсекот осигурување во моментов се на практикантска работа во оваа општествено одговорна компанија. Тие велат дека практичната работа им овозможува непосредно да почуствуваат што значи да се работи во секторот на осигурувањето.

„Факултетот за туризам и угостителство нуди одлични услови за нас студентите, а отсекот осигурување најмногу го привлече мојот интерес. Праксата во СН Осигурителен Брокер во Битола верува дека многу позитивно ќе влијае на вкупните резултати од нашето студирање.“-вели Стојановска.

И Ристевски очекува голем бенефит од практичната работа.

„Постојано сакам да се надоградувам во текот на моето студирање и затоа праксата многу ми значи. Стручниот тим на оваа компанија, вложи голем труд и ни пренесе вредни искуства, како едно од водечките брокерски друштва во секторот на осигурувањето.“-вели тој.

Од СН Осигурителен Брокер велат дека соработката на образовниот кадар и компаниите ги зголемува професионалните капацитети на младите, што е особено значајно на пазарот на трудот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.