Мицкоски и Макрон си стегнаа рака на Самитот во Црна Гора (ФОТО)

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека остварил пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон.

-Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме. Франција е една од највлијателните држави во Европа, па затоа е важно да се разговара отворено, директно и со јасно изразени очекувања. Нашата цел е да градиме пријателства, да отвораме врати и да обезбедиме поголемо разбирање и поддршка, истакнува Мицкоски.

Додава дека продолжуваат посветено и со јасна цел цврсто да чекориме напред.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.