Коњановски го посети новоотворениот Фан Шоп на ФК „Пелистер“: Испишуваме нова страница во клупската историја

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го посети новоотворениот официјален Фан Шоп на ФК „Пелистер“, кој се наоѓа во рамките на стадионот „Петар Милошевски“, истакнувајќи дека станува збор за историски момент за битолскиот клуб.

Коњановски посочи дека бил меѓу првите посетители кои купиле официјален дрес, нагласувајќи дека заедно со останатите навивачи бил дел од отворањето на ново поглавје во историјата на „Пелистер“.

„Вчера со голема љубопитност и задоволство го посетив официјалниот Фан Шоп на ФК „Пелистер“ сместен во стадионот „Петар Милошевски“. Бев речиси меѓу првите кој си купи дрес и заедно со останатите фанови кои го посетија испишавме историја. За првпат во 81 година постоење, ФК „Пелистер“ го отвори својот официјален Фан Шоп. Од управата на клубот рекоа дека ова е само почеток на една нова приказна која ќе ја градиме заедно“, објави Коњановски.

default

Отворањето на официјалниот Фан Шоп претставува значаен чекор во развојот на клубот, овозможувајќи им на навивачите на едно место да ги набават официјалните клупски производи и уште повеќе да ја покажат својата поддршка кон зелено-белите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.