(ВИДЕО) РАЈОТ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ПЕКОЛ: Огнена апокалипска – лавата уништува се пред себе! Вулканот на Хаваи не престанува

Лавата од вулканот Килауеа на Хаваите уништи уште четири куќи во близина на населениот дел “Голем остров”, на кој веќе беа уништени неколку објекти.

Окружниот сектор за цивилна одбрана на Хаваите извести дека ерупцијата продолжува во подрачјето Ланипунија Гарденс.

Жителите се известени од страна на властите дека ќе треба да се евакуираат доколку главниот автопат биде загрозен.

Во кратката ерупција која се случи вчера, вулканот направил облак од чад и пепел до 2.133 метри висина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.