Вечерва ТВ дуел – Николоски VS Шеќеринска

Откако лидерот на СДСМ и претседател на Владата, Зоран Заев, избегна ТВ дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва ќе се соочат ставовите на високи функционери на двете партии.

Во емисијата 360° на Телевизија Алсат Телевизија, каде домаќин е Васко Попетрески, на маса ќе седнат потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Дуелот е закажан за 22 часот, а тема на разговор ќе бидат промената на името на државата, како и претстојниот референдум закажан за 30 септември.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.