Вечерва забавата е во КРУШЕВО! Стартува “КРУШЕВО БУДНО”

Два дена резервирани за вистинска забава.

И оваа година по Трет пат сите на “оpen air party“ во Крушево. Крушево будно во организација на Локалниот Младински Совет со поддршка од Општина Крушево, Ве покануваат на незаборавна забава во Градскиот парк во Крушево со почеток од 21ч.

20ти Јули забавата е резервирана за неколку локални ди-џеи, БокаКонга и неговите латно звуци, The Daf Project кој ќе ни ја презентира нивната авторска рок музика и за крај Дисконектет ќе не исклучи од забавата за првиот ден.

На 21 Јули заедно со два локални ди-џеи ќе го најавиме настапот на моментално еден од најпознатите македонски рап-поп музички ѕвезди Тајзи кој ќе ја разгори атмосверата која до самиот крај ќе ја одржува Андреј Ѓошев.
Тргнете се од вашето секојдневие, дојдете на одмор и добра забава, забава која нуди музика за сечиј вкус.

Дневните активности се резервирани за “eduDay”саемот на кој што учество ќе земат неколку факултети кои ќе ги промовираат своите програми и ќе ги доближат нивните содржини до младите. Почеток од 11:00 часот, исто во Градскиот Парк.

Дојдете да се информирате и забавувате!!! 20ти и 21 Јули 2018 во Градскиот парк Крушево

Влез слободен!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.