Бронзен медал за Иван Танески од ППК Младост 96 на Државното првенство во пинг понг за пионери (ФОТО)

Во организација на ППК Младост 96, под покровителство на ППФМ, во салата на ООУ “Добре Јовановски”, се одржа Државното првенство во пинг понг во пионерска конкуренција, за играчи до 15 години.

Радува фактот што има големата масовност на натпреварувачи во оваа категорија. Учествуваа над 70 натпреварувачи од 15 клубови во државата. ППК Младост96 настапи со 14 свои натпреварувачи и беше клуб со најголем број на натпреварувачи.

Иван Танески од ППК Младост96 беше играчот кој освои бронзен медал во игра на двојки заедно со Иле Јованоски од ППК Крушево. Со овој медал на Танески, ППК Младост96 почнува да се вбројува во клубовите кои во иднина ќе бидат меѓу најдобрите и во пионерските категории.

Ова е успех за почит, успех за досегашната работа со школата на ППК Младост96. Во поединечна конкуренција одличен резултат постигна и Лука Огненоски пласираќи се меѓу 16 најдобри пионери.

За влез меѓу 8 најдобри во неизвесен натпревар изгуби од Б.Цветкоски од ППК Студент-Скопје. Во машки двојки Иван Танески и Иле Јованоски покрај тоа што освоија бронзен медал, треба да жалат за пропуштената шанса да се пласираат во финалето, бидеќи во полуфиналето беа на поен до пласман во финале водеќи 2-1 во сетови и 10-7 во четвртиот сет.

Но, на крај го загубија натпреварот и борбата за финале. Покрај Иван Танески и Лука Огненоски, одличен настап имаа и Наум Наумоски, Давид Богданоски, Димитар Мијајлески, Димитар Андоноски, Камечија Стојческа, Марко Стојаноски и Масимо Гически.

Нови државни прваци во пионерска категорија се Даниел Главевски од ППК Пелистер Битола во машка и скопјанката Сара Стојановска од ППК Крива Паланка. Во машки двојки Лука Дворник и Борјан Цветкоски од Скопје, женски двојки Софија Хасану и Фани Јованоска од ППК Крушево, а поединечните шампиони беа прваци и во мешани двојки, Главевски и С.Стојаниовска.

Одлична организација на ППК Младост96.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.