Црногорецот Бубоња нов тренер на Победа

50-годишниот црногорски стратег Славољуб Бубоња е нов шеф на стручниот штаб на прилепскиот прволигаш Победа. Клубското раководство во текот на денов ги финишираше преговорите со доскорешниот тренер на Морнар од Бар и тој од понеделник ќе ја преземе работата со екипата која на утрешниот меч со Силекс ќе ја водат помошните тренери Вршкоски, Кебакоски и Стерјоски.

Бубоња својот досега најголем успех како тренер го има со тимот на Челик од неговиот роден град Никшиќ, со кој во 2012 го освоил Купот на Црна Гора (година во која е прогласен и за најдобар тренер во Црна Гора), а потоа 3 години по ред изборувал учевство во квалификациите за Лига на Европа.

Покрај во Челик како тренер работел уште во црногорскиот тим Јединство Биело Поље и во босанскиот клуб Младост од Обарска.

Бубоња го наследува на клупата Зоран Штерјовски кој поднесе оставка по поразот на Победа од Работнички во средата во Прилеп од 2-4.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.