РЕЗУЛТАТИ: ВМРО-ДПМНЕ со убедлива победа во Прилеп, кажаа граѓаните!?

Во понеделник стартува предизборната кампања за локалните избори на 15-ти октомври. Партиите ќе ја бараат довербата од граѓаните на локално ниво и ќе се борат за што поголем број градоначалнички места и столчиња во советот на 80 општини.

Прилеп е градот каде во претходните изборни циклуси цели 12 години, ВМРО-ДПМНЕ освојува огромна поддршка, без разлика дали се работи за локални, парламентарни или претседателски избори.

Кандидат на партијата е одново Марјан Ристески кој по четврт пат ќе ја побара довербата од прилепчани, а има и со што. Зад него стојат стотици реализирани проекти и целосно променет лик на градот. Опонент од СДСМ ќе му биде 62-годишниот Илија Јованоски, кој беше носител на листата за советници на општинскиот огранок на оваа партија на претходните избори и забележа огромен пораз.

На два дена од предизборната кампања преку нашиот портал спроведовме анкета, а резултатите покажуваат убедлива предност на Ристески пред Јованоски.

Дури 2.478 читатели или 65% се изјасниле дека на престојните локални избори ќе го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник, а нешто повеќе од двојно помалку или 1.326 читатели, кажале дека за нив Јованоски е фаворит.

Анкетата беше отворена за гласање во изминатите два дена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.