Кога уметноста ќе го надмине универзумот: Реалистички кукли направени од генијалец (ВИДЕО)

Михаил Зајков е руски артист кој стана интернет сензација откако објави видео од неговите величенствени куклени дела.

Неговиот Инстаграм профил е следен од повеќе од 600.000 следбенци, а таму редовно ги објавува своите најнови дела.

Куклите кои ги создава се толку вистински, што за миг ќе помислите дека ќе ви проговорат.

Московскиот артист, кој студирал скулптура на Универзитетот во Кубан, го научил овој занает додека работел во куклениот театар.

Иако првата кукла ја направил во 2010 година, прв пат свое дело објавил во 2016 година.

Скромниот Зајков е со сигурност е од генијалците на денешното време, а за тоа можете да се уверите преку видеото во продолжение:

 

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.