Ja цениме ли доволно и дали ги знаеме овие факти за нашата држава?! Во Библијата се спомнува дури 37 пати

Македонија во светата Библија се споменува дури 37 пати. Помеѓу останатото и во делот каде Апостол Павле е во мисија на ширење на Христијанството.

Тој настан е опишан во Новиот завет, каде пишува дека на Апостол Павле една вечер сонил сон според кој пред него стоел еден човек, Македонец, и го молел велејќи му: “Дојди во Македонија и помогни ни”. Aпостол Павле ја послушал молбата, ја посетил Македонија, каде меѓу останатото ги посетил и Стоби и Охрид.

Еден од најславните патишта во Римската империја “Виа Егнација” во најголем дел се простирал на територијата на денешна Македонија. Неговите остатоци се сеуште видливи и денес.

Болoњскиот псалтир е напишан на кирилица во охридското село Рамне, а во Охридскиот музеј и денеска се чуваат нотни записи од 14 музички ракописи кои потекнуваат од 11 и 14 век.

На планината Кожуф, на самата граница со Грција, се наоѓа рудникот “Алшар” единствен во светот по тоа што во него се наоѓа талиум во чист облик. Рудникот од 2004 година е дел од мрежата “Емералд” која ги штити природните реткости на нашата планета.

Во Македонија, во нејзиниот централен дел се одгледувал најквалитетниот мак, од кој се добива најчистиот опиум. За споредба, пакистанскиот опиум содржи седум морфиумски единици, а македонскиот содржел дури 14.

Во близина на Куманово се наоѓа една од најстарите мегалитски опсерватории во светот. Рангирана е на четвртото место, а пред неа се: Абу Симбел во Египет, Стоунхенџ во Велика Британија и Ангкор Ват во Камбоџа. Maкедонија може да се пофали и со локалитетот Куклици кај Кратово, каде се наоѓаат 120 камени фигури (кукли), стари 10 милиони години. Охридското Езеро е едно од најстарите и најубавите во светот. Во Македонија се произведуваат вина со врвен квалитет, затоа што земјата има над 280 сончеви дена во годината.

Во Скопје се наоѓа најстарата зоолошка градина на Балканот, а браќата Манаки се првите филмски сниматели на овие простори. Во Скопје се наоѓа и гробот на Гркот Зорба, јунакот од истоимениот роман на славниот грчки писател Казанзакис, а во Битола се школувал Кенал Ататурк, таткото на модерна Турција.

Македонецот Стојко Додоловски е еден од преживеаните во бродоломот на познатиот “Титаник”, а неговиот сонародник, новинар и текстописец од Битола, Панде Манојлов е автор на палестинската химна.

Ова секако е само мал дел од нашата богата историја, традиција, култура и обичаи, но е само мал поттик за секој Македонец повеќе да ја сака и почитува својата држава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.