Тешка сообраќајка кај прилепско Селце, двајца повредени по судир на автомобил и мопед

-На 10.07.2027 во 18:35 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на локалниот пат кај с.Селце, прилепско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „волво” со прилепски регистарски ознаки управувано од В.Н.(46) од Прилеп и мопед „шинерај” со прилепски регистарски ознаки управуван од А.П.(77) од Прилеп, при што кај истиот констатирано било дека не поседувал возачка дозвола, а сопатник на мопедот бил И.Р.(68) од Прилеп. Во несреќата возачот на мопедот А.П. и сопатникот И.Р. со возило на Итна медицинска помош Прилеп биле пренесени во Градска болница Прилеп каде на А.П. констатирани му биле тешки телесни повреди, а кај И.Р. констатирани биле телесни повреди . Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп, информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.