Словенец синоќа го симнал знамето од јарболот пред општина Прилеп и го запалил

-На 11.06.2026 во 01:05 часот полициски службеници од ОВР Прилеп пред општинската зграда во Прилеп го лишија од слобода П.Ј.(43) од Р.Словенија бидејќи истиот го извадил знамето на општина Прилеп и го запалил.

По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок – информираат од МВР.

Засега нема информации кои биле мотивите на сторителот за делото кое го сторил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.