Средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола ја заврши обновата на фасадата која беше оштетена во пожар, со што објектот повторно доби уреден и препознатлив изглед.
Од училиштето истакнуваат дека обновата претставува силна порака дека грижата, одговорноста и заедништвото секогаш ќе бидат посилни од вандализмот.
„Благодарност до сите што придонесоа во обновата. Да го чуваме нашето училиште – тоа е наша заедничка гордост и наш заеднички дом“, порачуваат од СМУ „Д-р Јован Калаузи“.
За реализација на проектот за обнова на фасадата биле издвоени 625.754 денари.
Со завршувањето на реконструкцијата, училиштето повторно е подготвено да ги пречека учениците во уреден и безбеден амбиент, а од раководството апелираат до сите за одговорен однос и заедничка грижа за училишниот имот.
























