Во Битола денеска беше асфалтиран новиот паркинг простор во поранешната касарна, изграден на локацијата СТУ 9 АРМ, Четврт 3. Со реализацијата на проектот се обезбедуваат нови паркинг места и се подобрува инфраструктурата во овој дел од градот.
Новиот паркинг зафаќа површина од 1.550 квадратни метри, а покрај паркинг-просторот, проектот опфати изградба на коловоз, атмосферска канализација, сообраќајна сигнализација и улично осветлување.
Проектот е реализиран преку вториот владин повик преку Министерството за транспорт, а вредноста на договорот изнесува 6.256.014,18 денари.
Од Општина Битола информираат дека во моментов се работи и на други локации во градот, со цел да се обезбедат што повеќе нови паркинг места и да се подобрат условите за паркирање, во согласност со заложбите за унапредување на сообраќајната инфраструктура.




























