ИСТОРИСКАТА СРЕДБА СЕ СЛУЧИ: Трамп и Ким се ракуваа во Сингапур – еве што рекоа (ВИДЕО)

Северно корејскиот лидер Ким Јонг ун и американскиот претседател Доналд Трамп пристигнаа на самитот во Сингапур. На историската прва средба на двајцата лидери ќе се разговара за одржување на мирот и денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров.

Ким пристигнал прв во Капела Ресортот, на сингапурскиот остров Сентоса. Тој ги игнорирал камерите, движејќи се кон хотелот со очила во рацете.

Трамп пристигнал неколку минути подоцна.

Историското ракување на двајцата лидери предизвика веднаш огромно внимание кај светската јавност.

“Ќе имаме одлична врска, не се сомневам”, рекол Трамп на брифингот.

“Досегашните практики и предрасуди беа пречки на нашиот пат напред, но ги совладавме сите и денес сме тука”, рекол Ким. “Тоа е вистина”, се пошегувал Трамп


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.