НОВ ХЕРОЈ ГО ВООДУШЕВИ СВЕТОТ: Се качи на зграда и спаси дете кое висеше на петти спрат

Откако младиот француски мигрант од Мали пред две недели спаси дете, уште еден херој спаси уште едно дете на другиот крај од светот – во кинеската провинција Хунана.

Жанг Хин, поранешен кинески војник, се качи до балконот на петтиот кат од станбената зграда и спаси двегодишно момче кое пропаднало низ решетките од балконот, па заглавило меѓу нив, по што останал таму да виси.

Жанг го воочил додека минувал покрај зградата и без премногу размислуање се качил до него и го турнал назад во станот. За кинеските медиуми изјавил дека покрај зградата минувал со својот брат кога го слушнал вресокот на детето.

Жанг е прогласен за херој на кинеските друштвени мрежи и медиуми.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.