Во Прилеп се одржа Државно првенство во џудо за кадети и ветерани: ЏК “Сеишин” со 20 освоени медали (Фото)

На 14.04.2019 Недела во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” Прилеп, во организација на Џудо Федерацијата на Македонија и техничка организација на прилепските Џудо Клубови Сеишин и Санкаку, се одржа Државно Првенство за кадети-ки и ветерани. На ова Државно Првенство учество зедоа околу 100 натпреварувачи од 12 клубови од нашата држава.

Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп на овие државни првенства како домаќани, најстапи со најголем број натпреварувачи и тоа 20 во кадетска и 4 во ветеранска конкуренција, или вкупно 24, односно 1/4 од вкупниот број на државните првенства.

На овие државни првенства клубот СЕИШИН-Прилеп целосно ДОМИНИРАШЕ, при што освоени се вкупно 20 медали (5 златни, 8 сребрени и 7 бронзени), од кои 16 медали се освоени во кадетска конкуренција и 4 медали во ветеранска конкуренција – информираат од клубот.

Во прилог поединечни резултати:


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.