“Курир”: Пендаровски повторно ја излажа јавноста: Нема користење на службени возила во неговата изборна кампања падна во вода (ВИДЕО)

Пендаровски иако во дебатата на телевизија Телма тврдеше дека не се користат службени автомобили за неговата изборна кампања, сепак времето покажа дека се работи за лага – oбјави “Курир”.

Кандидатот за претседател од редовите на СДСМ Стево Пендаровски имено во дебатата на Телма бараше од Силјановска да му даде пример каде се возеле службени автомобили.

-До овој момент се нема случено и нема да се случи. Јас гарантирам зборувам за премиерот и министрите кои ме поддржуваат, не смее ниту еден, најмалиот државен ресурс да биде ставен во функција на мојата кампања и утрешна евентуална моја победа, тука е јасната разлика меѓу партијата и државата, рече Пендаровски.

Тој ја запраша и Силјановска да му даде пример каде службена кола која е користена во изборната кампања на Пендаровски.

Сепак доказ дека се користат службени возила за митинзите на Пендаровски е митингот во Радовиш каде се гледа возило во сопственост на Агенцијата за вработување од подрачната единица во Радовиш кое е злоупотребено за партиски цели.

Со реакција денеска излезе и ВМРО-ДПМНЕ која најостро ја осудува злоупотребата на државни ресурси во политички цели од страна на високи функционери на СДСМ.

-Кога министерот за правда може да си дозволи со службено возило во маички од кампања да оди на партиски митинг можеме само да претпоставиме што прават пониските ешалони на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ бара министерот за правда Рената Треневска Дескоска веднаш да си поднесе оставка заради морална одговорност, а државната комисија за спречување на корупција, јавното обвинителство и другите надлежни институции да покренат прекршочни и кривично постапки. По оваа злоупотреба од страна на Дескоска сосема е јасно зошто СДСМ се противи на реформи кои ќе значат независно и професионално јавно обвинителство и судство, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: “Курир”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.