Поради утврдена здравствена неисправност на водата, надлежниот инспекциски орган изрече забрана за употреба на водата за пиење од следните извори:
-Крајпатната чешма ЧЕ Плетвар;
-Локалниот водовод во село Плетвар;
-Локалниот водовод во село Беловодица.
Во рамки на изречената инспекциска мерка, Општина Прилеп е задолжена на сите наведени локации да постави јасно и видливо предупредување со натпис:
„ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ“
До добивање на ново известување од надлежните институции, граѓаните се повикуваат да не ја користат водата од овие извори за пиење и подготовка на храна, со цел да се заштити јавното здравје.

























