Апасиев ЖЕСТОК: “Ги нема соросписките „невладини“ да кенкаат и врескаат дека има ТИРАНИЈА и ДИКТАТУРА”

(Фејсбук статус на универзитетскиот професор Димитар Апасиев)

“СИСТЕМАТСКАТА РЕПРЕСИЈА на Новиот сдсмовски режим се одвива по следново сценарио: разрешени се сите персонални состави на второстепените жалбени комисии (кои, патем речено ги воведе Стариот режим и требаше да служат како квази-судски органи).
Оттука, постигната е целосна ПАРАЛИЗА на правната заштита на вработените во јавниот сектор! Дали сфаќате колку е ова сериозна работа?

Во меѓувреме, дадени се инструкции на новите комуњарски директори/раководители во сите државни институции да изрекуваат првостепени дисциплински КАЗНИ против вработените службеници, кои се оставени во уставно недозволива позиција на немање правна заштита. Тие, напросто, немаат каде да се жалат – оти жалбените тела не постојат!!! И нивните суспензии можат да траат со години, додека властодршците не се смилуваат да изберат нови партиски послушници во овие комисии.
Додека трае ова налудничаво смислено СЦЕНАРИО, се трупаат предмети во овие жалбени комисии, оти им работат само архивите – и ќе требаат години и години за сите да бидат правосилно завршени. Луѓето не можат да стигнат до Управниот суд, оти немаат конечни акти кои би ги побивале со тужба.

p.s. Ова е пеколен план на СДСМ и скандал од невидени размери, само и само да „успее“ референдумот за самоукинување. Но, сега ги нема соросписките „невладини“ да кенкаат и врескаат дека има ТИРАНИЈА и ДИКТАТУРА.
Затоа, драги мои, се враќаме во преддржавна состојба! Оставени сме на вродениот природно-правен принцип на самоодбрана и самозаштита.

#БојкотирамСилеџии
#НовиотРежим
#ПробиениСте
#Страховлада
#НеВиСеПлашиме”