Прилепчанец завршил на болница после физичка пресметка во Охрид

Во Пoлициската станица Охрид, вчера во 15:45 часот било пријавено дека во пекара на улица „Гоце Делчев“ во Охрид, по вербална расправија, настанала и физичка пресметка помеѓу 27-годишниот О.М. од Прилеп, со престојувалиште во Охрид, и 39-годишниот Д.Д. од Радовиш, со престојувалиште во Охрид.

Притоа, О.М. се заканувал со дрво , а Д.Д. со нож. Во еден момент О.М. со десната рака го фатил сечивото од ножот и се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде бил задржан на лекување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.