“Заев во Вараждин – како ли реагираше на “ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ ПРАВО НА ТЕРАСА” и “ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ”?!”

Tвитерџиите и фејсбукџиите веднаш го лоцираа малерот за вечерашниот висок пораз од Шпанците.

Сите до еден прстот го вперија кон Зоран Заев кој го проследи мечот на трибините во Вараждин.

Постапките на премиерот, преговорите со Грција за името кои очигледно ќе бидат во наша штета, Законот за примена на јазиците и договорот со Бугарија, беа главните причини и вечерва да добие лавина обвинувања по социјалните мрежи.

“Како ли реагираше на “Излези момче право на тераса” и “Едно име имаме”, кога црвено-жолтата фаланга грмеше на трибините”, прашаа граѓаните по социјалните мрежи.

Други пак со совети до тренерот на македонската репрезентација Раул Гонзалез.

“Раул вади го Заев од сала, одма!”

И додека Заев си прави прошетки ваму и таму, денеска во центарот на Солун Грците ни го палеа државното знаме, на протестот на кој се собраа илјадници Грци против употреба на името Македонија и негово исклучување од предлозите за преговарање.

Пред неколку дена и грчките попови преку протест испратија иста таква порака.

За цело тоа време нема реакција од нашата црква, нема реакција од Министерството за надворешни работи на Димитров, нема реакција од македонската влада….

Ако ова се истите вредности кои како што рече премиерот Заев ги дели со неговиот колега Ципрас, тогаш Господ нека им е напомош на Македонците.

 

 






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.