СТРАШЕН ПОЖАР ВО ПРИЛЕП: Гореа две куќи – Семејствата молат за помош (ФОТО)

Страшен пожар избувнал попладнево околу 15:00 часот на улица “Копарска” во Прилеп.

Опожарени се две куќи и причинета е огромна материјална штета. Поради збиеноста на куќите на оваа улица, пожарот лесно е пренесол од едната на другата куќа.

Навремено интервенирале од територијалната противпожарната единица – Прилеп, при што било спречено понатамошно ширење на пожарот.

Сега семејствата од двете куќи имаат итна потреба од помош и секаква хуманост би била добредојдена.

За сега не е позната причината за настанатиот пожар.

Повеќе информации подоцна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.