Цел град претворен во театар: Започна 57-то издание на МТФ “Војдан Чернодрински” во Прилеп

Новиот концепт на уметничкиот директор на театарскиот фестивал “Војдан Чернодрински”, Ана Стојаноска, го претвори синоќа Прилеп во една голема сцена, а на 57-то издание на фестивалот му даде една посебност и големина. Наместо во салата на Центарот за култура “Марко Цепенков”, театарскиот фестивал беше отворен пред оваа установа.

Се доделија наградите за животно дело на великаните на македонското глумиште, Петар Темелковски и Петар Мирчески, а потоа спектакуларно, со пуштање балони во воздух беше означен стартот на седумдневната културна манифестација, во која некој за прв пат вака се вложи, и чие издание годинава со сигурност ќе се памети уште долго.

“Војдан Чернодрински” започна со претставата „Нема струја за електричниот стол“ од велешкиот театар „Јордан Хаџиконстатинов – Џинот“, а на официјалната програма се девет престави.

Но, покрај на театарските штици, фестивалот опфаќа и голем број активности на отворено, па така вчера пред почетокот група оригинални пантомимичари го привлекоа вниманието на најмладите, а перформанси се случуваа и на “Могилата на непобедените” и пред Градската Саат кула.

Програмата и сите активности на 57-то издание на МТФ “Војдан Чернодрински”, следете ги на следниот линк: https://www.facebook.com/cernodrinski




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.