Ротари клубот Прилеп целосно опреми уште две детски градинки во градот со вкупно осумнаесет професионални прочистувачи на воздух

Во рамките на проектот „Чистиот воздух стандард во градинките во Прилеп“, Ротари клубот Прилеп целосно опреми уште две детски градинки во градот со вкупно осумнаесет професионални прочистувачи на воздух, опремени со најсовремени филтри, произведени од реномиран производител Донацијата беше реализирана на ден 07.05.2026 година.

Во оваа прилика прочистувачи за воздух добија градинките „Тризла“ и „Гоце Делчев“. На овој начин, Ротари клубот Прилеп ја заокружува акцијата за целосно опремување со вакви уреди на вкупно четири детски градинки во градот и интенцијата е проектот да продолжи и во наредниот период.

Вкупната вредност на донацијата во сите градинки е околу 16 илјади евра. Целта е да се обезбеди ниво на суспендирани честици во воздух (ПМ 2.5 и ПМ 10) во градниците на нормалата и да се овозможи децата да дишат чист воздух во градинките кадешто поминуваат поголем дел од денот.

Покрај тоа, прочистувачите обезбедуваат заштита и од вируси, бактерии и алергени, што исто така е многу важно кога станува збор за заштита на здравјето на најмладата популација.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.