Ристески ги седна на една маса претставниците од најголемите стопански комори во државава

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, денеска одржа работна средба со претставници на трите најголеми стопански комори во државата – Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

На средбата беше презентирана мерката од јавниот повик „Вработување и раст на правни субјекти“, чија цел е да им обезбеди финансиска поддршка на микро, малите и средните претпријатија, социјалните претпријатија и граѓанските организации за отворање нови работни места.

„Со мерката се предвидува поддршка за компаниите во вкупен износ од 5,4 милиони евра, со што ќе се овозможи вработување на 1.385 лица“, истакна Ристески.

Тој ги повика сите компании кои ги исполнуваат условите и имаат потреба од нови вработувања да ја искористат можноста и да аплицираат преку центрите на Агенцијата за вработување.

Јавниот повик останува отворен до 24 јули 2026 година, а мерката претставува дел од активните политики за поттикнување на вработувањето, поддршка на стопанството и создавање нови можности за економски раст.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.