Пријателство кое трае и е за секоја пофалба: Нова донација од австралиско-македонското друштво “Методија Андонов-Ченто” во Прилеп, овојпат за младите фудбалери на Победа

Австралиско – Македонското друштво – “Методија Андонов – Ченто” – Сиднеј, донираше опрема за младите спортисти од младинската школа на ФК Победа.

Опремата вклучува неколку комплети дресови, шушкавци, дрес маркери, топки, степери, мрежи, скали за вежбање, фитнес топки, ролери, ластици, јажиња, мрежи за топки, тркала и др.

Соработката помеѓу Општина Прилеп и Австралиско – Македонското друштво “Методија Андонов – Ченто” – Сиднеј трае повеќе од една година преку советникот за млади Гоце Бумбароски, a ова е веќе трета донација.

Првата донација на ова друштво беше опрема за основните училишта во општина Прилеп (печатари, телевизори, топки, тримери за трева, поликолор, нагледни средства за ученици со посебни образовни потреби). Втората донација беа околу 500 фудбалски дресови од разни клубови за прилепските дечиња.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.