Прилеп добива нова културна приказна, ќе се одржи првиот Меѓународен „Итар Пејо Фестивал“, настан кој ќе ги обедини хуморот, сатирата, народната мудрост, фолклорот и препознатливиот дух на градот под Марковите Кули.
-Инспириран од најпознатиот македонски шегобиец и симбол на снаодливоста и мудроста – Итар Пејо, фестивалот ќе има за цел да ја оживее традицијата, но и да донесе нова енергија, смеа и дружење за сите генерации, стои во најавата на социјалните мрежи.
Со многу содржини, интересна програма и изненадувања, Прилеп наскоро ќе стане место каде што итрината, добриот хумор и македонскиот дух ќе бидат главни ѕвезди.
Следете ја Фејсбук страната Меѓународен Фолклорен Фестивал „Итар Пејо“
























