Кривогаштани покажува како треба! 1км асфалт во Пашино Рувци, современа сообраќајница која ќе го подобри животот на жителите (Фото/Видео)

Општина Кривогаштани информира дека градежните активности за целосна реконструкција на главната улица во населеното место Пашино Рувци се одвиваат со предвидената динамика и влегуваат во својата завршна фаза. Локалното население наскоро ќе добие комплетно модернизирана сообраќајница, која значително ќе го подигне квалитетот на живот и безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

Овој капитален инфраструктурен проект се реализира со финансиски средства обезбедени од Светска банка, преку Министерството за транспорт, во рамките на крупниот „Проект за подобрување на инфраструктурата на локалните патишта“.

Вкупна должина на улицата: 922 метри
Ширина на коловозот: 5,0 метри
Вкупна површина на коловоз за асфалтирање: 4.610 м²
Изградени тротоари: 1.155 м² (наменети за целосна безбедност на пешаците)

Во изминатиот период на терен успешно се завршени сите подготвителни работи, машинскиот ископ, како и тампонирањето и нивелацијата на подлогата. Исто така, веќе е нанесен и новиот квалитетен асфалтен слој и успешно се уредени пешачките зони со тротоари од 1.155 м².

Проектот во моментов влегува во последната фаза — обележување на хоризонталната и поставување на вертикалната сообраќајна сигнализација, со што сообраќајницата ќе биде комплетно безбедна и технички подготвена за користење.

По повод тековните финални активности на терен, градоначалникот Игор Каравилоски истакна:

„Се наоѓаме на самиот праг до комплетно завршување на овој голем проект кој е од витално значење за Пашино Рувци. Со асфалтирањето на коловозот и уредувањето на тротоарите, ставивме крај на долгогодишните проблеми со кои се соочуваа жителите. Останува уште последната фаза на сообраќајно обележување и сигнализација, по што улицата ќе биде и официјално пуштена во употреба. Голема благодарност до граѓаните за трпението, како и до Министерството за транспорт и Светска банка за одличната соработка.“




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.