Teшка сообраќајка на ул. “Тризла” во Прилеп – се судрија две патнички и едно товарно возило

-На 29.07.2026 во 14:45 часот во ОВР Прилеп бил пријавено дека на крстосница од ул.„Тризла“, ул.„Горан Миноски“ и ул.„11 Октомври“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Б.(52) од Кавадарци, товарно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(39) од с.Мало Коњари, прилепско и патничко возило „сузуки“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(27) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген“ З.Б., констатирани во Градска болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа на ПВР Прилеп, информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.