“Девојките на Марко” e новата урнебесна комедија на прилепскиот театар “Војдан Чернодрински”, која деновиве предизвика огромен интерес кај вљубениците во театарските штици во Прилеп.
„Девојките на Марко“ според „Боинг Боинг“ од Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во превод, адаптација и режија на Синиша Ефтимов, на сцената во Домот на културата “Марко Цепенков”, веќе одлично два пати ја одиграа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, а за рекордно време, речиси од неколку часа, се распродадоа и следните две изведби, за 01 и 02. јуни.
Ова е доказ дека на Прилеп ден поскоро му е потребен нов театар, и дека во Прилеп живее илјадна публика која се радува на секоја нова театарска претстава.
Секоја чест за актерската екипа на “Девојките на Марко” и секоја чест на целиот ансамбл на прилепскиот театар “Војдан Чернодрински”, театарот кој не функционира во своја театарска зграда, но сепак успева да ја одржи театарската уметност жива во градот под Марковите Кули.
























