Денеска почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

На 17 август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, единица од артилерискиот баталјон на Армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија.

Почесната стрелба, како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување празници, се реализира во рамките на активностите по повод 18 август — Денот на Армијата.

Истовремено, истиот ден во 18.00 часот ќе биде спроведена и пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.