Градоначалникот и директорот на “Комуналец” во посета на Словачка

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, престојува во Тополчани, Словачка, по повод традиционалните „Денови на Тополчани“ и одбележувањето на 20-годишнината од соработката и збратимувањето меѓу Прилеп и Тополчани.

Проданоски, кој е во посета на покана на градоначалничката на Тополчани, Александра Гјециова, истакна дека две децении партнерство се исполнети со пријателства, културна размена, заеднички иницијативи и взаемна почит.

На средбите биле разгледани можностите за дополнително продлабочување на партнерството, особено преку заеднички европски проекти, заштита на животната средина, управување со отпадот, културата, туризмот и економското поврзување.

„Две децении не се само бројка, тоа се години исполнети со средби, пријателства, културна размена, заеднички иницијативи и взаемна почит“, порача Проданоски.

Како еден од важните сегменти во досегашната соработка беше посочена културната размена. Во тој контекст, тој ја истакна и неодамнешната посета на фолклорни ансамбли од Словачка, кои беа гости на фестивалот „Итар Пејо“ во Прилеп.

Од Тополчани беше упатена порака дека партнерството меѓу двата града продолжува да се развива, со амбиција во иднина да донесе нови заеднички проекти и активности.

„Прилеп и Тополчани остануваат пријатели, партнери и градови поврзани со трајни мостови на соработка“, истакна градоначалникот.

Јубилејот од 20 години партнерство, покрај можноста да се сумира досегашната соработка, претставува и нова можност за отворање перспективи за идни заеднички проекти, соработка во повеќе области и уште посилно поврзување на двата града.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.