TAPABAPИ 3А ТВ АЛФА: Moжнa е copaбoтка co oпoзициjaта зa пpeтceдaтeлcкитe избopи

Неофицијалниот „дил“ меѓу македонската и албанската опозиција ги урива столбовите на владејачката конструкција. Според извори на “Алфа TВ” во власта, двајцата коалициони партнери Заев и Ахмети стравуваат дека гласовите од Алијанса за Албанците и Беса, на адреса на натпартискиот кандидат поддржан од ВМРО ДПМНЕ – Силјановска- Давкова, во вториот круг, ќе значат и нејзина победа.

Поддршката на албанската опозиција е дил меѓу ВМРО ДПМНЕ и Алијанса што за сега не е официјално потврден од двете партии, но не е ни демантиран.

Неофицијално, постои договор: македонската опозиција да ја поддржи албанската за нивниот кандидат за градоначалник на Дебар каде заедно со претседателските ќе се одржуваат и локалните избори.

На овој начин кандидатот на Алијанса би излегол како победник, а потоа во вториот круг на претседателските, албанската опозиција да ја даде својата поддршка на контото на Силјановска- Давкова – додаваат од “Алфа”.

–Секакви политички дилови се можни, особено пред парламентарните избори, и за тоа се отворени и Беса и Алтернатива, освен ДУИ и Вејсел Мемеди. Така што ништо не се исклучува. До сега немаме преговори или договори со никого до сега, математиките конкретно за Дебар е тоа дека нашиот кандидат води со 30-40 отсто пред тој на ДУИ. Но, да почекаме да видиме како ќе се одвиваат работите во вториот круг. Сите математики се можни, отворени сме за комуникација со сите, но цврст договор немаме, вели градоначалникот, Арбен Таравари.

Целиот текст прочитајте го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.