Kрикот на прилепските пазарџии: “Аман решете ги дивите продавачи, станавме како најголемо село во Македонија”

Закупниците на тезги во градскиот пазар во Прилеп, со години реагираат на неажурноста на надлежните во справување со дивите продавачи кои како печурки никнуваат низ целиот град, претставуваат нелојална конкуренција, не плаќаат давачки и често го загрозуваат сообраќајот и узурпираат просторот наменет за паркинг.

Особено просторот околу катната гаража во центарот на градот, е постојано узурпиран од вакви продавачи, и тоа на простор кој е наменет за паркинг на возила. Сето тоа предизвикува гужви, нервози и недостиг на паркинг места.

Еве што на добронамерен начин вели еден наш сограѓанин и долгогодишен закупец на тезга во градскиот пазар:

-Прашање до надлежните институции за отстранување на дивите продавачи кои се лоцирани околу катната гаража и на просторот кој е наменет за паркинг, а не за продажба, и на кој простор со закон е забрането да се продава, освен на определено место за тоа, што во овој случај е пазарот, во кој има еден куп тезги и со кој стопанисува ЈКП ПАЗАРИ, а не презема воопшто мерки за внесување на сите ко печурки никнати диви продавачи низ цел град.

Дали некој навистина ќе се заземе и ќе го реши овај долгогодишен проблем, кој воедно го грди лицето на градот во централно градско подрачје, посебно заради ионака малиот број на паркинг места, кои се баш за таа намена, а не за продажба на се’ и сешто, а воедно и да ја регулира фреквенцијата на возила и луѓе околу центарот и ги заштити сите оние кои уредно си ги подмируваат своите долгови кон ЈКП ПАЗАРИ, а и оние кои низ градот имаат дуќани и продаваат пиљарски производи, за чии дуќани плаќаат кирија, данок и се’ што е во границите на законот, за да придонесат полнење на општинскиот буџет.

Значи искрено, станавме едно големо село во кое може секој да прави што сака и како сака, а воедно со ништо да не придонесе за подобро утре на нашиот град… Па навистина ова е нешто што не’ загрижува сите прилепчани. Пред се хигиената и условите за живот на сите нас.

Сакам само да напоменам уште ова дека продавачите кај катна и кај железничка станица ни го грдат и она малку убаво на нашиот град, и прават смет кој итекако го оптоварува и ЈКП Комуналец, кој сигурно неможе и да сака се’ да постигнe…

Затоа ги молам надлежните институции да си ја преземат обврската и ветувањата, дека овој долгогодишен проблем ќе биде ефективно решен, како што е и во некои други градови во Mакедонија. Кванташки пазар и пазар на мало кој го имаме и е еден од најголемите во Македонија, а капацитетот му е огромен, а неискористен максимално.

П.С. Напишано со намера да се створат подобри услови за стопанисување на ЈКП ПАЗАРИ, а и со цел заштита на целокупната продажна мрежа која итекако придонесува за Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.