Во рамките на редовните активности за одржување на јавното зеленило, ЈКП,,Комуналец”- Прилеп, извршува ниско кроење на долните гранки по булеварот ,,Гоце Делчев”, со цел непречено движење на пешаците и велосипедистите, но и прегледност во сообраќајот на градската сигнализација – информираа на социјалните мрежи од ЈКП Комуналец Прилеп.
Инаку, крошните на липите во центарот, но и во другите населби во Прилеп, секоја година се уништуваат од несовесни берачи на плодот од дрвјата, а ваквите постапки остануваат несанкционирани.


























