Kaменос вели дека ќе бара мнозинство од 180 пратеници за изгласување на Договорот за Македонија

Лидерот на партијата “Независни Грци” и министер за одбрана во владата на Ципрас, Панос Каменос, рече дека ќе бара мнозинство од 180 пратеници од вкупно 300 во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот за името со Македонија, наместо регуларните 151 гласа кои се потребни за вакви договори – пишува грчкиот весник “Kaтимерини”.

Во коментарите по состанокот на парламентарната група и извршниот секретаријат на неговата партија, Независни Грци (АНЕЛ), Каменос повтори дека неговата партија никогаш нема да го поддржи договорот постигнат меѓу левичарската влада во Грција и Скопје за Северна Македонија, додавајќи дека смета оти малку е веројатно и тоа дека прашањето ќе помине на референдум во соседната земја.

Каменос додава дека членови на неговата партија била жестоко нападнати откако неговата партија реши да не гласа за недоверба на владата во саботата, а за тоа ја обвини опозициската “Нова демократија”.

Катимерини додава дека Македонија денеска го изгласа Договорот со Грција за новото име на нашата држава со 69 гласа и дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на седницата.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.