Плажата во излетничкото место Асамати на Преспанското езеро беше една од најпосетуваните во цела Преспа пред 15-20 години.
Цели генерации пораснаа и детството го поминаа играјќи си на песокот и уживајќи во бунгаловите кампови кои се наоѓаат недалеку од плажата.
Плажата каде во лето вријаше од детски џагор од одморалиштето, кое исто така беше преполно, денеска е целосно запустена, затревена, речиси како ништо да не постоело тука.
Ова беше култно место особено за жителите од Пелагонискиот регион. Повеќе компании и државни институции имаа свои кампови и бунгалови, па дружбата од дома и од работното место се префрлаше тука.
Но, денес дури и бунгаловите си го зеле делот, па освен оние кои се купени од приватни лица, останатите ретко кој е во добра состојба.
Еве што остана од прекрасната плажа во Асамати: