ФОТО: “Еве како празнично изгледа контејнер пред основно училиште во Прилеп?!”

Веќе секојдневна слика пред основното училиште “Добре Јованоски” во Прилеп.

Контејнерите до училиштето речиси секојдневно се преполни, а околу нив е расфралн секаков отпад.

Фотографијата до нас ја испрати револтиран родител на ученик во ова училиште.

Контејнерите пред ООУ “Добре Јованоски” само се надополнуваат во “лепезата” вакви депонии кои се почесто ги гледаме низ целиот град.

Иако од општината и комуналното претпријатие тврдат дека работат на чистење на депониите и ѓубрето, нешто вели дека не е така.

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.