дома блог страница 995

До кога вака? Жените во Македонија со 17,5 проценти пониски плати од мажите

Нивните бизниси се застапени само со 30 проценти и не е искористен потенцијалот со кој можат да ја подобрат состојбата во економијата, истакнаа учесниците на Третиот Самит за женско прерприемништво, што се одржува од денеска во Скопје.

Бизнисот не е искористен затоа што помалку од 30 проценти се жени сопственици на бизнис, а помалку од 50 проценти жени се активни на пазарот на труд поради што мора да работиме на зголемување на нивниот капацитет како економски ресурс. Повеќето од жените се во микро и малите претпријатија, а многу малку во големите компании, што значи дека она што го работат жените е со мал обрт и со малку вработувања, рече Валентина Дисовска од Националната платформа на женското претприемништво.

Според неа, потребна е едукација, но и препознавање на добри практики и менторство, како и посветеност од институциите за подобрување на состојбите. Исто така и фонд за поддршка за претприемништво.

-На бизнисот, на економијата и се потребни квалитетите на жените. Поддршката и промовирањето на женското претприемништво ќе ја подобри севкупноста на конкурентноста, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Според него, во последните години е направено многу за женското претприемништво, во кое, како што рече, има голема надеж.

Намалувањето на родовиот јаз е клучен за користење на потенцијалите на женското претприемништво во економијата, рече Битиќи истакнувајќи дека во буџетот за 2023 година е предвидена финансиска поддршка на женското претприемништво.

За 34.25 проценти е зголемен бројот на компании управувани од жени, што според министрот за економија Крешник Бектеши покажува дека мерките на Владата имаат поддршка, но тоа не е доволно и ќе следуваат нови активности и дополнителни финансии, согласно со укажувањата од претставничките на женските бизниси.

На настанот со над 100 учесници се споделуваат најдобрите практики и идеи за промоција, развој и поддршка на женското претприемништво. Дискутираат претставници од институции, организации и жени претприемачи, кои се значајни за развојот на екосистемот за женско претприемништво.

Самитот се организира како годишен настан на проектот „Национална платформа за женско претприемништво (НПЖП)“, кофинансиран од Европската Унија.

Целта е да се зголеми видливоста и профилот на Платформата и придобивките што таа ги обезбедува за засегнатите страни и женското претприемништво.

Ќе бидат доделени три награди од Министерството за економија, за најуспешна претприемачка во микро, мали и средни претпријатија а Националната платформа ќе додели награди за најдобра млада лидерка и за најдобра граѓанска организација -добра практика.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 61 пратеник, народот врие и ќе ја казни оваа власт

Бројките кои ги имам јас и се дел од партиските мерења јасно покажуваат дека има простор за раст и јасно покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ на следните избори може да дојде и да се надева на една таква победа, односно од 61 пратеник, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ што се емитува на Канал 5.

Мицкоски укажа дека процентите за доверба во ВМРО-ДПМНЕ се од 100 проценти. Оттука додаде тој, ако од милион и осумстотини имаме 20 проценти и ако излезноста е околу 50 проценти значи дека ВМРО-ДПМНЕ може многу лесно да дојде до тој 61 пратеник.

„Тоа ни е многу важно за да ги реализираме целите. Власта пак е онаа која на дневна основа и нејзината работа е пред судот на јавноста. Власта е таа која на дневна основа води политики кои или се добри или лоши или народот тоа го гледа. Доколку водите политика која е погрешна поддршката добиена на избори паѓа. Тоа е случај со СДСМ. Луѓето гледаат дека не е испорачано и тие се под нивниот историски минимум, а ВМРО-ДПМНЕ се консолидираше“, кажа Мицкоски.

Според него тоа е и основна задача на опозицијата.

„Консолидирање на своите гласови е основна задача и тоа го констатирате со тоа дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е константен. И на избори опозицијата дава своја понуда и тогаш тој рејтинг или оди нагоре или ако понудата не е добра за бирачите оди надолу“, кажа Мицкоски.

Холандија ја сменува матрицата: Ќе биде ли “Холандскиот Трамп” нов премиер?

Герт Вилдерс е за излегување на земјата од ЕУ и вети дека ќе го запре цунамито на азилантите

Политички земјотрес ја погоди Холандија после изборите на кои убедлива победа извојува Партијата на слободата (ПВВ) на чело со контроверзниот Герт Вилдерс (60).

Овој десничар и антиисламист е познат по тоа што сака да ја извади земјата од Европската унија, а во кампањата вети дека ќе го спречи „цунамито на барателите на азил“.

Партијата на слободата освои 37 места во парламентот, пред Алијансата на левицата, предводена од поранешниот еврокомесар Франсоа Тимерманс, со 25 места.

На трето место, со 24 мандати, е владејачката Народна партија за слобода и демократија, предводена од лидерот Дилан Јесилгоз-Зегериус, кој го наследи актуелниот премиер Марк Руте, кој ја напушта власта по 13 години.

Холандскиот парламент има 150 места, а на Вилдерс му е потребна поддршка од 76 за да формира влада. Имајќи предвид дека во парламентот влегоа дури 15 партии, од кои дури седум имаат три или помалку мандати, извесно е дека се очекуваат долги и тешки преговори за формирање влада.

Договорени сите детали: Eве кога започнува примирјето меѓу Израел и Хамас

На прес-конференција во Доха, портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи изјави дека прекинот на огнот меѓу Хамас и Израел ќе започне во петок во 7 часот наутро и дека првото ослободување на заложниците, 13 заложници, ќе биде на 16 часот во петок.

Портпаролот рече дека очекува хуманитарната помош да почне да се движи во Газа преку преминот Рафах веднаш штом ќе започне прекинот на огнот.

Се верува дека Хамас зел најмалку 240 израелски заложници за време на нападот врз Израел на 7 октомври.

На осми мај референдум за Македонија

Ковачевски попушти, осми мај е денот кога Македонија ќе оди на претседателски и парламентарни избори, официјализирање на датумот во текот на следниот месец. Целосно омекна цврстиот став на премиерот Димитар Ковачевски, дека двата изборни циклуси ќе се одржат во различен термин. Откако дури и коалициониот партнер ДУИ, порачаа дека се за заеднички избори, ставот мораше да го промени и лидерот на СДСМ. Во декември ќе имало лидерска во Собранието, каде ќе бил официјализиран датумот за избори, во мај наредната година.

Декември нуди можност да се организира средба во Собранието со парламентарните партии, на која ќе ги дефинираме сите детали за одржувањето на изборите, одговори премиерот Димитар Ковачевски при посетата на компанијата „Вабтек МЗТ“ АД Скопје на прашањето дали се водат разговори со политичките партии во однос на одржувањето на изборите во 2024 година.

„Се водат разговори со политичките партии во однос на одржувањето на изборите во 2024 година. Во мај има доволно простор да се организираат редовни претседателски и парламентарни избори. Во однос на техничката влада, таа е законска обврска. На 100 дена пред одржување на изборите, во согласност со Законот за Владата, кој е важечки во државата, има техничка влада“, рече Ковачевски.

Тој не прецизира дали со ДУИ ќе настапат со заеднички листи на изборите.

„Тоа е одлука на партиите и предмет на коалициски договори и во моментот за такво нешто не можеме со сигурност да зборуваме“, додаде премиерот.

“Учителот” од Прилеп вечерва во емисија ќе дебатира за безбедноста во Македонија

Вечерва во емисијата “Клик плус” на ТВ 21, со почеток од 21:30часот, ќе гостуваат проф. Д-р Александар Нацев и пратеникот од СДСМ од Прилеп, Миле Талевски.

Според најавата двајцата гости ќе дебатираат за политички и безбедносни теми, а водител е искусниот новинар Љубиша Цветкоски.

Битолчани ги испокасаа кучиња скитници – Полицискиот билтен врие секој ден од пријави

Полицискиот билтен на МВР врие од информации за каснати од кучиња скитници во Битола. Извадоците во продолжение се само од претходните 3 дена.

-На 20.11.2023 во 20.50 часот во СВР Битола, Е.И.(44) од Битола пријавила дека на ул.„Цане Василев” била касната од куче скитник.

-На 20.11.2023 во 13.40 часот во СВР Битола, Д.К.(38) од Битола пријавил дека во Градски парк неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

-На 20.11.2023 во 09.15 часот во СВР Битола, Р.Д.(38) од Битола пријавил дека во Градски парк бил каснат од куче скитник.

-На 22.11.2023 во 13.50 часот во СВР Битола, Е.К.(67) од Битола пријавил дека во Градскиот парк бил каснат од куче скитник.

Тешко повреден сопатник во сообраќајка помеѓу две возила во Прилеп

На 21.11.2023 во ОВР Прилеп било пријавено дека во 13.30 часот на крстосница од ул.„Тризла“, ул.„Горан Миноски“ и ул.„11 Октомври“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“, управувано од Ж.П.(61) од с.Воѓани, прилепско и патничко возило „опел“, управувано од Е.И.(33) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки.

Во несреќата В.Ш.(24) од Прилеп, сопатник во возилото „опел“ се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп.

Увид на местото бил извршен од екипа од ОВР Прилеп.

Доста е сликање, време е за кривични: Над половина милион евра за МОВЧЕ кое е небезбедно, а ОК молчи!

Државниот завод за ревизија деновиве го објави извештајот за работата на Општина Прилеп во изминатите години, а најголем бум кај јавноста предизвика информацијата дека новото мовче на Градска река во населбата Сточен пазар, за кое општината како инвеститор исплатила 554.846 евра, е пуштено во употреба без обезбедена комплетната изведбена документација, што претставува ризик за безбедноста на корисниците на сообраќајниците кој ги поврзува мостот.

Ова значи дека над половина милион евра пари на граѓаните се дадени за објект кој ниту ги исполни очекувањата за олеснување на сообраќајот, ниту пак ги исполнува законските критериуми за безбедност.

Проектот беше еден од малкуте кои ги сработи претходната локална самоуправа предводена од градоначалникот Илија Јованоски. Беше најавуван со музики, беше сниман со дронови, идеа министри, пратеници, разно разни функционери…

И додека тогашната локална власт се расфрлаше со фанфари како успешно решиле децениски проблем во Прилеп, тогашната опозиција на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно редеше пресови на оваа локација – едно 20-тина најмалку, а деновиве некако немо и без ентузијазам ја примија оваа информација од ДЗР, ако воопшто детално го прочитале извештајот.

Ќе има ли кривични пријави? Ќе има ли сега секојдневни прес конференции пред ОЈО Прилеп? Останува да видиме во периодот кој следи….

Жител од прилепско пријавил дека бил нападнат од синот и сопругата

На 21.11.2023, 69 – годишен маж пријавил во ОВР Прилеп, дека во прилепско село, бил физички нападнат од неговата сопруга и неговиот син.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од ОВР Прилеп.