ООУ „Кочо Рацин“ и СОУ “Ристе Ристески Ричко“ ги одбележаа своите патрон празници (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Делегација од ООУ „Кочо Рацин“-Прилеп, претставници од училиштето како и од Општина Прилеп, како и делегации од останатите училишта од Прилеп, во чест на раѓањето 22 декември, на еден од најистакнатите македонски автори и основач на современата македонска литература, Кочо Рацин, денеска се поклонија и положија цвеќе на споменикот во училиштето.

Во спомен на патрониот празник учениците заедно со наставниот кадар од ООУ „Кочо Рацин“- Прилеп, подготвија свечена академија во Домот на културата “Марко Цепенков”.

Патрон празник празнуваше и СОУ „Ристе Ристески Ричко“, каде исто така пред присутните гости учениците се претставија со бројни настапи.

Градоначалникот Борче Јовчески во своите обраќања на двата патронати, истакна дека ја изразува својата поддршка до менаџментот на училиштата, кои што заедно со Локалната самоуправа, неуморно работатво интерес на подобрување на условите за работа, во овие образовни иституции, реализирајќи низа проекти изминативе две години за квалитетно одвивање на воспитно – образовниот процест.

„Просветителската дејност е една од најблагородните и најсвети професи, која што овзможуваа описменува и создава нови генерации образовани луѓе. Тоа е за почит! Затоа, заедно да градиме здрава иднина за нашите деца. Иднина, која ќе биде исполнета со нови знаења, умеења, со почитување на луѓето, заедницата и со квалитетни услови за работа. Да продолжиме во таа насока, да потсетиме дека минатото ни’ е исполнето со историја, вредна за почит, а иднината, предизвик, кој ќе нè научи дека можеме и повеќе, и подобро!“ Продолжуваме понатму да вложуваме со цел да обезбедиме квалитетни услови во образовните институции, заедно и одговорно, затоа што децата се нашата иднина!“ – рече градоначалникот Борче Јовчески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.