дома блог страница 992

ВМРО стои зад протестите на пензионерите, обвинува министерката Тренчевска

Нема спонтаност и самоорганизираност во протестите на пензионерите. Тие се во организација на ВМРО-ДПМНЕ за да се направи хаос во општеството, оцени денеска министерката за труд и социјална политика, Јова Тренчовска, зборувајќи во утринската програма на МТВ.

„Ако ги погледнеме сите оние (учесници н.з.) низ градовите кај што има протести на пензионерите, ќе ги видиме во иницијативи, во одбори, родители на високи функционери во ДПМНЕ или пак и самите се членови на телата во партијта. Тоа укажува дека не се самоорганизирани, не е спонтана реакција на пензионерите, туку дека зад овие протести стои токму ДПМНЕ сѐ со цел да направат хаос во општеството, како што и впрочем години наназад работат да направат хаос во државата“, рече Тренчевска.

Таа најави дека денеска ќе има состанок со Сојузот на пензионери, кое, како што посочи, е легитимно тело кое се грижи за 330.000 пензионери и со кое досега биле договоени сите мерки низ дијалог и преку флексибилност од двете страни.

Повторно се зголемува цената на горивата

Од полноќ поскапеа бензините, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за денар ипол, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според оваа одлука, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 86,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,50 ден/лит, а дизелот по цена од 81 ден/литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 80,50 ден/лит.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,801 ден/кг, во однос на претходно утврдената цена и чини 46,592 ден/кг.

Новата одлука за зголемување на цените, од РКЕ ја образложуваат со зголемувањето на цените на нафтените деривати на светските берзи.

Младите прилепски пингпонгари на Младост96 се вратија со медали од силни турнири во Србија (ФОТО)

Младинецот Лука Огненоски и кадетот Трајче Маркоски, играчи на ППК Младост96, изминатата недела беа на седумдневен камп во Власина Србија, каде работеа на усовршување на техниките, како и на кондициони подготовки.

Двајцата играчи на прилепскиот клуб работеа со мошне квалитетни тренери од Србија, Бугарија и Македонија, а начинот како ги одработија подготовките резултираше со три освоени медали на завршницата на кампот – на два одделни турнири во Србија.

Претпоследниот ден од кампот во каде учествуваа повеќе од 100 деца од 9 земји, Лука Огненоски го освои третото место во категорија младинци. Во групата со три победи се квалификува во елиминациите, како прв од група и извојува две победи во 1/8 финале и 1/4 финале, а потоа беше запрен во полуфиналниот дуел против играч од Бугарија со 3-0.

Трајче Маркоски во категорија млади кадети се пласира во 1/4 финале.

На меѓународниот турнир наредниот ден во Сурдулица, каде имаше голема конкуренција, повторно одлична игра на двајцата пингпонгари, и освоени два нови медали. Лука Огненоски повторно со бронзен медал, а со бронза се закити овојпат и Трајче Маркоски. Двајцата триумфираа над доста квалитетни противници.

ППК Младост96 за наредната сезона повторно ќе биди конкурентен за највисок пласман во сите категории на натпреварување.

Утре на МОГИЛА во Прилеп, хуманитарен концерт за Трајче Илиовски, наш сограѓанин кој боледува од канцер!

Утре, во паркот на “Могилата на непобедените” во Прилеп,со почеток од 20:00 часот ќе се одржи хуманитарен концерт, поддржан од хуманитарното здружение “Дрим Тим од деца Прилеп” и јазичниот центар “Дрим Тим Макси”.

Овојпат, сме му потребни на нашиот татко, сопруг, пријател, колега, сограѓанин Трајче Илиовски од Прилеп, кој боледува од канцер.

Заедно, да се сплотиме во хуманост и да подадеме рака што живот ќе значи на човек. Нашите Алекса Петрески, Филип Николоски, Александар Темелков, Lock Down и The Dreamers ќе не’ почестат со нивните таленти, а на вас останува да донирате и да се забавувате.

Секоја купена влезница и секој купен пијалок на забавата е ваша донација и помош.

Влезниците по цена од 100 денари можете да ги набавите во City Garden (кај Дом на култура), сендвичара “Грижо” во Точила или да ги нарачате преку телефонскиот број 076614006 и ќе ви бидат доставени!

Апелација се правда: И казната од осум години за Ангелче е највисока досега

Изречената казна затвор од осум години за сообраќајна незгода со смртни последици во предметот на Основниот суд Велес со која осумнаесет годишната затворска казна е намалена, претставува досега највисока изречена казна затвор за ваков вид кривични дела во изминатите пет години, покажува анализата на Апелационен суд Скопје, направена по сопствена иницијатива.

Апелациониот суд Скопје, информира дека анализата е направена на досегашната казнена политика на судот за кривично дело од член 300 од Кривичниот законик – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, при што акцент е ставен на предметите каде се бележи смрт на едно или повеќе лица.

– Во изминатите пет години, сметано од август 2018 до август 2023 година, Апелациониот суд Скопје постапувал по 173 кривични предмети во врска со член 300 од Кривичниот законик, од кои во 96 се бележат смртни последици, а во 15,8%, со правосилна одлука, изречена е условна казна, односно во 84,2% затворска казна која пак е во опсег од најмалку пет месеци а најмногу седум години и два месеци, се вели во соопштението објавено на веб страницата на Апелација.

Анализата на Апелација, покажува дека најголемиот број изречени казни затвор се во траење од две до пет години, во зависност од утврдената фактичката состојба и олеснителни и отежнителни околности.

– Што пак изречената казна затвор од осум години за сообраќајна незгода со смртни последици во предметот на Основниот суд Велес со која осумнаесет годишната затворска казна е намалена, претставува досега највисока изречена казна затвор за ваков вид кривични дела при што од значење е да се напомене дека истата претставува единствена казна изречена за сторено кривично дело кривично дело од член 300 став 2 од Кривичниот законик – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и член 301 став 1 од Кривичниот законик–Неукажување на лице повредено во сообраќајна незгода, посочуваа од Апелација.

Апелациониот суд Скопје, се вели во соопштението, постапува по жалби на одлуки на првостепените судови од своето апелационо подрачје и во рамки на жалбените наводи, при што дел од пресудите по кои е постапувано биле обжалени само во делот на казната или само по однос на решението за трошоци.

– Во предметите по кои што постапувал судот 51,6 процент ги потврдил одлуките на првостепените судови, а 48,4 отсто се преиначени, покажува анализата на Апелација.

ЦУК: Пожарот кај Дебреште е локализиран, но се уште е активен

Регионалниот Центар за управување со кризи – Битола, известува дека противпожарните тимови, што се на терен од утрово, информирале дека не се забележува активност на пожарот што вчера избувна во село Дебреште и се прошири кон село Кошино.

– Конкретно, утрово, заради контрола и превентивно дејствување, биле испратени осум пожарникари со две противпожарни (ПП) возила и четири вработени во подружницата на ЈП „Национални шуми“ од Прилеп, на местото на пожарот, се вели во соопштението од ЦУК.

-ТППЕ Прилеп од 15:45 часот на ден 14.08.2023 година интервенира на пожар на запалена сува трева и нискостеблеста деградирана шума во атарот на с.Дебреште и с.Кошино (ЕЛС Долнени) во гаснењето на пожарот интервенирано е со 4 пожарникари со 1 ПП возило, 5 лица од ЈП Национални шуми и 10 жители на селото. Поради брзото ширење на пожарот интервенирано е и со 3 авиони на ДЗС кои направиле по 2 прелети. Зафатена е површина од околу 20 ха. Пожарот е се уште активен – стои во соопштението.

Голем пожар беснее кај долненско Дебреште, трите авиони на ДЗС спречија пожарот да го зафати селото Кошино (ВИДЕО)

„Во атарот на с. Дебреште, изби поголем пожар во нискостеблеста деградирана шума.“- информираат од ЦУК.

-За да се превенира негово ширење трите Ер Трактори на ДЗС се упатени да интервенираат.-додаваат од таму.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов за “Канал 5” информираше дека трите Ер трактори на ДЗС спречиле пожарот да го загрози селото Кошино. Според него пожарот е локализиран, а на истиот се уште интервенираат пожарникари од ТППЕ Прилеп.

Важно известување: Водата од овие чешми во околината на Прилеп не одговара за употреба

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерното место локален водоснабдителен систем Ореовец – јавна чешма сред село – водоводна мрежа, л.в.с. Плетвар – јавна чешма – водоводна мрежа, Плетвар – крајпатна чешма Че – водоводна мрежа и л.в.с. Беловодица – двор – водоводна мрежа не одговара за употреба

Вака изгледа двојазичноста: Министерството за здравство се обрати прво на албански, па на македонски јазик

Министерството за здравство на Република Македонија своите објави до јавноста почна да ги објавува прво на албански јазик, па потоа на македонски – пренесе Курир.

На официјалниот Фејсбук профил на министерството е објавено соопштение со наслов „MSH asnjë qindarkë nuk ka paguar për ambulantët“, а дури потоа истото е преведено на македонски јазик, па ставен е наслов „МЗ нема исплатено ни денар за амбулантите“.

Министерството за здравство и министерот Фатмир Меџити треба да знаат дека на македонската јавност прво треба да се обратат на македонски јазик.

Ваков обид за објавување прво на албански јазик имаше и од страна на Беким Сали, кој праксата ја прекина по острите реакции од страна на јавноста.

https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fzdravstvomk%2Fposts%2Fpfbid02xChKojbA3kRVKY4Eef8aMb7HVMepELG52GAtqzz19Ax44tPn5mkwVUU7iqo6Ep4Bl&show_text=true&width=500

Уапсен 24-годишен битолчанец: Ограбил куќа, а потоа одзел и накит од малолетно девојче

Криминалистичката полиција на СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Б.В.(24) од Битола, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривични дела „тешка кражба“, предвидени и казниви по чл.236 ст.1 и ст.3 од Кривичниот законик.

Имено, тој на 13.08.2023 со употреба на сила влегол во куќа на ул.„Караорман“ во Битола и одзел разни предмети и алати, а откако ја напуштил куќата одзел накит од малолетничка. Б.В. истиот ден е лишен од слобода и со него е извршен службен разговор во СВР Битола, при што тој го признал делото.

Дел од одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот – информираат од СВР Битола.