дома блог страница 991

Дали Лавров ќе дојде во Скопје, зависи од Бугарија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделник (27 ноември) изјави дека ќе учествува на состанокот на ОБСЕ во Македонија доколку Бугарија го отвори својот воздушен простор и дека некои западни земји веќе побарале средби со него.

-Очигледно Бугарија ѝ ветила на Македонија дека ќе го отвори нејзиниот воздушен простор, ако тоа се случи, тогаш ќе бидеме таму. Ајде да видиме – рече Лавров на конференција во Москва.

Тој истакна дека веќе имал неколку барања за средби, вклучително и од западни претставници.

-Ако некој ни пријде, ние никогаш не бегаме и не се криеме – додаде рускиот шеф на дипломатијата.

Претходно македонската Влада одлучи да се тргне забраната за прелет на рускиот авион со кој руската делегација, вклучително и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, ќе може да слета во Скопје, откако претходно министерствата за одбрана и за надворешни работи ќе дадат одобрение за прелет и слетување.

Од утре снег: Најавени врнежи во текот на целиот ден

Локално, претпладне ќе има и услови за замрзнат дожд.

Утре времето ќе биде облачно на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег каде ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови.

Во некои од пониските места најпрвин врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот ќе преминуваат во дожд.

Локално, претпладне ќе има и услови за замрзнат дожд.

Во западните делови ќе наврнат над 25 л/м2. Ќе дува засилен јужен ветер.

Си ги одмериле сред село: Жител на Десово го пријавил својот соселанец за физички напад

Вчера, попладне се степале две лица во с. Десово. На 26.11.2023 во 15.50 часот во СВР Битола, Ѓ.С.(21) од с. Десово, општина Долнени, пријавил дека бил физички нападнат од С.П. од с.Десово, информираат од СВР Битола.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од СВР Битола.

По Јувентус, Победа го преслуша и Ајакс во Прилеп

Победа го задржа максималниот учинок на домашен терен во Втората футсал лига, откако синоќа со 3:0 го совлада Мал Ајакс од Штип.

Полните трибини во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко” уште еднаш беа ветер во грб на разиграните црвено-бели.

Стрелци на головите беа Кире Наумоски, Никола Трајкоски и Александар Китаноски.

Со новите бодови Победа е на шестото место на табелата. Во наредното коло прилепчани гостуваат кај Партизан Брвеница.

ДРОН ФОТОГРАФИИ: Прилеп е прекрасен под снежна прекривка

ДРОН ФОТОГРАФИИ ОД АНДРЕЈ РИСТЕСКИ:

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Изгубена е Вања Ѓорчевска – утрово тргнала за на училиште, па и’ се изгубила секаква трага

Зорица Ѓорчевска на ФБ напиша дека е изгубена нејзината ќерка Вања Ѓорчевска. Апелот за брзо време се прошири на социјалните мрежи, па секоја информација за изгубеното девојче е добредојдена.

-Утрово во 7:20ч. мојата ќерка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и и’ се губи секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар Маало на пат кон Пешталоци. Доколку имате било каква информација јавете се на: 075/400 – 816 – пишува на ФБ загрижената мајка.

Земјотрес утрово ја стресе Битола

Според информации на ЕМСЦ, јачината е 2.1 степен по Рихтер.

Земјотрес утрово е регистриран во Македонија. Епицентарот е во близина на Битола.

Според информации на ЕМСЦ, јачината е 2.1 степен по Рихтер.

Зел кредит за автомобил во Германија, па избегал дома – казната го стигнала по 5 години

Еден Хрват на потешкиот начин научил што се случува кога нема да вратиш заем во Германија. Тој бил уапсен од германската федерална полиција за време на гранична контрола на автопатот кај Киферсфелден, бидејќи по него трагало јавното обвинителство во Минхен.

Човекот уште во 2018 година подигнал кредит од околу 20.600 евра за да купи автомобил, пишува магазинот Феникс.

Но, откако ги добил парите и го купил возилото, не платил ниту една рата од кредитот.

Наместо тоа, Хрватот исчезнал со автомобил во правец на родната земја. По враќањето во Германија, тој бил уапсен и суден на суд.

Денеска е Св. Апостол Филип: Од мал бил научен на Светото Писмо, веднаш се одѕвал на повикот на Господ Исус и тргнал по него

Денеска е 14 ноември по стар стил и се слави Св. апостол Филип.

Еден од дванаесетте апостоли. Роден е во Витсаида крај езерото Галилејско, како Петар и Андреј.

Од малечок научен на Светото Писмо, Филип веднаш се одѕва на повикот на Господ Исус и тргна по Него (Јован 1, 43). После слегувањето на Светиот Дух, Филип ревносно го проповедаше Евангелието во многу краишта на Азија и Грција. Во Грција, Евреите сакаа да го убијат, но со Своите моќни чуда Господ го спаси.

Така, еврејскиот првосвештеник којшто се устреми да го бие одеднаш ослепе и сиот поцрне. И имаше силен земјотрес и земјата се отвори и ги проголта злобните гонители на Филип. И многу други чуда се случија, особено исцеленија на болни, заради што мнозина незнабошци поверуваа во Христа.

Во Фригискиот град Јерапол, свети Филип се најде на заедничка работа со свети Јован Богослов, со својата сестра Маријамна и апостолот Вартоломеј. Таму имаше некоја опасна змија, којашто незнабошците грижливо ја хранеа и ѝ се поклонуваа како на Бог. Божјите апостоли со молитва ја умртвија оваа змија.

Со тоа врз себе го навлекоа гневот на помрачените луѓе. Озлобените незнабошци го фатија Филип и го распнаа на дрво главечки, потоа го распнаа и Вартоломеј. Тогаш, земјата се отвори и го проголта судијата и мнозина други со него. Во голем страв, луѓето притрчаа да ги симнат апостолите. Но, успеаја да го симнат жив само Вартоломеј, Филип веќе беше издивнал.

На крстените, Вартоломеј им го постави за епископ Стахиј, когошто претходно тој и Филип го исцелија од слепило и го крстија. Стахиј беше слеп четириесет години.

Подоцна, моштите на свети Филип беа пренесени во Рим. Овој прекрасен апостол пострада во 86 година, во времето на царот Дометијан.

Сите средношколци во Србија ќе добијат 10.000 динари од државата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека сите средношколци во Србија ќе добијат 10.000 динари од државата.

Досега за студентски картички се пријавиле нешто повеќе од 66.000 студенти, а Поштанска штединица ќе префрли 1.000 динари на картичките кои ќе ги надоместиме на Штедилницата. Така секој од нив ќе има по 1.000 динари на сметката, покрај сите други поволности и попусти што ги добиваат со картичката. – изјави Вучиќ.