дома блог страница 993

Нова тактика на Македонија пат? Стадо крави наместо камиони за справување со снегот (ВИДЕО)

Денешните врнежи од снег речиси целосно ги блокираа патиштата низ Македонија. Сообраќајот на сите патишта се одвива отежнато, а на планинските превои преку целиот ден има огромни колони и застои.

Новинарот Горан Момироски на својот ФБ профил сподели видео од ситуација со која се соочил денеска додека патувал. Наместо екипа на Македонија пат, на патот наишол на големо стадо крави, па логично го постави прашањето дали од државното претпријатие испробуваат нов начин на расчистување на снегот.

-Македонија Пат ни за лек, можда треба да се размисли за трењираме крави да чистат снегој – напиша Момироски.

Нов рекорд: Победа “нашарана” 8:1

Во рамки на 13-то коло од Втората фудбалска лига, прилепска Победа гостуваше во Тетово кај Арсими и прими дури 8 голови.

Домаќините како со денови да тренирале на тешкиот каллив терен, па беа далеку поснаодливи и уште во провото полувреме постигнаа 5 погодоци.

Победа успеа да намали на 5:1, но до крајот прими уште 3 гола. Единствениот погодок за црвено-белите го постигна Бојан Ивчески.

Со овој нов пораз победашитие се се поблиску до опасната зона за испаѓање. После ова коло остануваат на 15 бода и паднаа на 12-то место на табелата.

Во наредното коло на програмата е пелагониското дерби. Во Прилеп доаѓа Пелистер кој е третопласиран.

Полицијата во “лов” на малолетници во Битола: Начекале дури 68 во кафе бар

Денеска (25.11.2023) во времето од 00.10 до 01.20 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола беше извршена акциска контрола во кафе бар лоциран во Старата чаршија во Битола при што беа затекнати 68 малолетници, од кои 8 малолетници под дејство на алкохол.

По документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Николоски: Македонија со ВМРО-ДПМНЕ за 4 години од претстојните избори ќе биде постабилно и попристојно место за живеење

„Апсолутно мислам дека работите ќе се поместуваат дека доколку за четири години од следните избори Македонија е попристојно место за живеење со подобри услови тогаш секако дека се направил напредок“, заклучи Николоски.

„Треба да сме фер со луѓето, она што можеме да го ветиме е стабилност и сериозност. На Македонија и требаат стабилни, а не шарлатани и требаат искусни луѓе, а не деца кои не знаат кај се и како со државата. Тоа ние го имаме, имаме тим на луѓе и секако подготвуваме програма која ќе одговара на реалноста во Македонија, една таква поставеност и посветеност со силна битка со криминалот, кревање на економијата и заштита на македонските национални интереси, што покажавме и од опозиција дека можеме да направиме, камо ли од власт. Мислам дека ова за четири години ќе ја однесат Македонија во пристојни услови за живот“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување во „30 секунди“ за порталот „Експрес.мк“.

Николоски продолжи и додаде дека она што ВМРО-ДПМНЕ може да го вети е стабилност за Македонија.

„Апсолутно мислам дека работите ќе се поместуваат дека доколку за четири години од следните избори Македонија е попристојно место за живеење со подобри услови тогаш секако дека се направил напредок“, заклучи Николоски.

Запрашан за тоа кој ќе биде претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, потпретседателот Николоски истакна дека за претседател се уште се нема одлучено и согласно интерните процедури тој ќе го одберат на конвенција.

„Тоа е една интересна пракса воведена уште од формирањето на партијата, многу личи на оној американски систем на избор на кандидати за претседател во рамки на политичките партии. Значи цело наше членство бира делегати, тие делегати се собираат на конвенција, па гласаат за еден од предложените кандидати. Кандидатите ги посетуваат сите наши општински комитети и се презентираат, значи водат една класична внатрепартиска кампања“, истакна Николоски.

Николоски заклучи дека не е дискусија дали ќе победи ВМРО-ДПМНЕ туку колку ќе победи ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори.

Жени се тепаа за јакна на попуст на “црн петок”, ги раздвои обезбедувањето (ВИДЕО)

Видеа од кавги и тепачки на „црн петок“ ги преплавија социјалните мрежи. Такви сцени доаѓаат и од Турција.

На едно видео може да се забележат жени како се борат околу јакна, а меѓу нив била и една баба. Се туркале, ја повлекле јакната и на крајот едната ја скинала таа што сакала и ја зела со себе.

На друго видео кое кружи на социјалните мрежи, жените се караат пред продавница, додека други шокирани гледаат што се случува. Мораше да реагира обезбедувањето, за да ги раздвои и смири.

@yarenkarakulak

Zara da saç baş kavgaya gircek kadar düştü mü sizce ya 😧#zaraindirim #blackfriday #karacuma #zaraindirimi #indirimliürünler

♬ Sıfır Bir Jenerik – Esat Bargun

Oд рубриката верувале или не: Фатени дрвокрадци во Прилеп

На 24.10.2023 од страна на полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп на патниот правец кон Вештачко езеро, непосредно пред место викано „Стар присад“, затекнати биле М.Р.(29) и Р.В.(42) двајцата од Прилеп со две запрежни возила натоварени со бесправно исечени огревни дрва од околу 1.5 м3, како и една моторна пила. Дрвнатата маса и моторната пила биле одземени и предадени на Национални шуми-ПСШ-Црн Бор Прилеп.

При постапувањето како и обиколка на теренот во место викано „Студенец“ пронајдени биле и 8м3 дабови и букови дрва при што известени биле Шумска полиција и „Национални шуми-ПСШ Црн Бор-Прилеп“ за понатамошно постапување

Еве каде утрово низ Македонија вее снег – Подгответе се, од утре доаѓа насекаде (Фото)

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни, над 25 литри на метар квадратен. На планините врнежите ќе бидат од снег. Во текот на денот, температурата значително ќе опадне и врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините и на повисоките места ќе се формира поголема, а во некои пониски места, помала снежна покривка.

Како што соопшти УХМР, ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен, над 70 километри на час северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од пет до 9, а максималната од шест до 13 степени.

Во Скопје ќе биде облачно и студено, претпладне со врнежи од дожд кои попладне и до крајот на денот ќе преминуваат во снег и се очекува да се формира помала снежна покривка, особено во повисоките делови од котлината. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до шест, а максималната ќе достигне до седум степени.

В недела претпладне ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, над 70 километри на час и наместа ќе провејува слаб снег. В понеделник утрото ќе биде ведро и многу студено, а нови врнежи се очекуваат во вторник. Температурите ќе се задржат ниски до средината на следната седмица.

Според камерите на сајтот „Skimacedonia“ во моментов снег врне на две планини во земјава.

Снег имаме на Попова Шапка и во Маврово, погледнете:

ДОНИРАЈ НАРОДНА НОСИЈА! Помогнете го КУД “Мирче Ацев” Прилеп

Kултурно уметничкото друштво “Мирче Ацев” од Прилеп, ги повикува сите граѓани кои сакаат, своите народни носии да ги донираат во друштвото.

Донациите можат да се предадат во Домот “Спиро Забрчанец”, секој понеделник, среда, петок и сабота, од 19-21часот.

Помогнете го нашиот прилепски и македонски амбасадор!

Лавров сепак доаѓа во Скопје? Неговата делегација ќе брои 85 членови

Владата на денешната седница преку надополнета одлука, им пренесе овластување на надлежните министерства сами да можат да одлучат за издавање одобрение за прелет и слетување на рускиот воздухоплов за време на одржување на триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ во Скопје, во период од 29 ноември до 1 декември 2023 година, соопшти МНР.

На денешната Владина седница е донесено дополнување на Одлуката за воведување рестриктивни мерки во поглед на активностите на Руската Федерација со која се ограничува пристапот на воздухопловот на Руската Федерација, а согласно со Регулативата на Советот на ЕУ од Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, со која Република Македонија е целосно или 100 отсто усогласена.

Како што наведуваат од МНР, дополнувањето е согласно регулативата на ЕУ и одредбите во самите рестриктивни мерки со кои за меѓународните конференции како што е ОБСЕ се предвидени исклучоци за предметните рестрикции.

Руски медиуми пред неколку дена пренесоа дека Русија побарала од Македонија, која претседава со ОБСЕ оваа година, да издаде визи за нејзината делегација за министерскиот состанок од 30 ноември до 1 декември. Русија, според руските медиуми, бара визи за 85 членови на руската делегација за учество на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје.

И воздухот што го дишат некои е зијан: Испокршена дел од оградата на новата градинка во Прилеп (ФОТО)

-Новата детска градинка уште недозавршена и за која во моментов се разменуваат бројни меѓусебни отровни стрели за тоа кој што (не)направил за да биде конечно ставена во функција, оти нели, насушно е потребна, станала мета и на ВАНДАЛИ – стои во објавата на новинарката Каролина Дурло, која објави и фотографии од вандалскиот чин.

Имено, непознати несовесни граѓани испокршиле дел од оградата и го исфрлиле во дворот од градинката. Па се поставува прашањето, заслужуваме ли ние воопшто нешто ново и убаво?