За тутунарите 20 денари, за Министерот 78% повисока плата…

Бордот на директори на Тутунскиот комбинат Прилеп донесе одлука да ги зголеми за 10% цените за откуп на тутунот од веќе договорените цени, соопшти министерот за земјоделие, Љупчо Николовски

„Исто така сакам да соопштам дека оваа година субвенцијата за прва класа ќе биде зголемена за дополнителни 20 до 30 денари односно ќе постигнеме рекордни субвенции по класи.

Најавувам уште неколку други мерки за тутунарите што ќе ги спроведеме за прв пат со што обезбедуваме досега најголема историска финансиска поддршка.

Македонската Влада и министерството не ги остава тутунарите сами. Државата прави се и ја вреднува маката на секој земјоделец. Затоа очекувам и другите компании при откупот на тутунот да ја следат оваа политика“ вели министерот Николовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.